Ова нема да им се допадне на шефовите: Третина од луѓето кои работат од дома одржуваат состаноци во пижами, секој петти не сака никогаш да се врати на работа

Супермен

09/04/2021

12:15

2.212

Големина на фонт

а а а

Речиси третина од луѓето кои работат од дома, на виртуелните состаноци се облечени во пижами, а секој десетти притоа не носи долен дел, покажува анкетата на агенцијата „YouGov“ во Велика Британија.

Резултатите укажуваат на тоа дека 42 отсто од оние кои работат од дома се уморни од „Zoom“, но само 14 отсто од нив сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник одговорил дека никогаш не сака да се врати на работното место.

Истражувањето е спроведено по нешто повеќе од една година по првите „локдауни“.

Во анкетата учествувале 2027 вработени кои работат од дома. Речиси половина од нив (45 отсто) сакаат баланс помеѓу работата од дома и работата од канцеларија, односно одење на работа помеѓу еден до три дена во неделата.


Како најчеста причина за тоа (51 отсто) го навеле избегнувањето на патување до работното место. Во 34 отсто од случаите, вработените претпочитаат флексибилни работни часови.

20 отсто сакаат да продолжат да работат од дома бидејќи така можат подолго да спијат, а 15 отсто бидејќи не мораат да носат формална облека. Зборувањето со колегите е она што најмногу им недостасува од канцеларискиот живот (43 отсто), а заситеноста од „Zoom“ (31 отсто) е втората причина за враќање на работа.

30 отсто од испитаниците признале дека на виртуелните состаноци присуствуваат во пижами, 25 отсто од нив паралелно се занимаваат со интернет шопинг, а 15 отсто за време на состаноците играле видео-игри.

„Истражувањето покажува дека работата повеќе нема да биде иста како пред пандемијата. Вработените бараат пофлексибилно и похибридно работно опкружување кое ја задоволува новата рамнотежа на работата и животот создадена од долгата работа од дома“, велат од „YouGov“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk