Беше првак во фудбал, а сега е - крал на ќебапите

Супермен

29/04/2021

15:08

6.527

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалер Лукас Подолски, кој со репрезентацијата на Германија беше првак на светот во 2014 година, ја привршува фудбалската кариера во Турција и полека разработува сопствен бизнис.

Веќе неколку години се занимава со угостителски бизнис и признава дека му оди добро и покрај пандемијата. Подолски отворил неколку продавници за брза храна во кои доминираат ќебапите така што уште отсега се знае дека ќе биде целосно посветен на тој бизнис кога ќе ги закачи „копачките на клин“.

„Се започна кога играв за Галатасарај. Имам сосед Турчин во Келн и се здружив со него. Најпрвин започнавме со достава, а сега имаме 11 такви продавници во и околу Келн“, истакнал фудбалерот.

Напаѓачот роден во Полска се пресели многу рано во Германија и во Келн ги помина најдобрите денови од животот, па одлучи дека во овој град ќе живее и по кариерата. Сега развиениот бизнис е доволен мотив да не се сели во Берлин, Минхен или во некоја друга држава.

„Имаме и две слаткарници во Келн, но пред се сум задоволен од ќебапите и сладоледите. Иако играм фудбал, секој ден сум вклучен во тие бизниси“, порачал Подолски.

Одличниот напаѓач моментално е член на Анталијаспор во Турција и прашање е колку долго ќе игра затоа што има 35 години, а го паметиме како играч на Келн, Баерн, Арсенал, Интер, Галатасарај и јапонскиот Висел Кобе за кој играше 3 сезони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk