„Пандемиски милијардери“: „Forbes“ ги наведе медицинските лица кои коронавирусот ги направи побогати

Супермен

10/05/2021

21:29

3.055

Големина на фонт

а а а

Неодамна американското списание „Forbes“ 50-на луѓе од областа на медицината ги смести на светската листа на луѓе чии богатства надминуваат една милијарда американски долари.

Некои од нив се „класични“ доктори, но меѓу нив има и голем број на „здравствени претприемачи“. Новите милијардери-медицинари се од 11 држави, а најмногу од Кина.

Сепак на врвот на листата се двајца научници од Западот коишто развиле вакцина против коронавирусот. Првиот е Турчин од Германија - Угур Шахин, основачот на „Бионтек“, компанијата којашто заедно со „Фајзер“ креираше една од вакцините против коронавирусот.

Вториот е Стефан Бансел со потекло од Франција, директор на „Модерна“.


Нивното богатство е приближно исто - богатството на Шахин се проценува на околу 4,2 милијарди долари, а богатството на Бансел се проценува на 4,1 милијарди долари.

Реално е дека Шахин и Бансел биле прилично богати и пред прогласување на пандемијата на коронавирусот.

Шахин во 2016 година ја продал својата прва компанија за 460 милиони долари, додека Французинот претходно бил извршен директор на друга компанија.

Меѓутоа, „Модерна“ покрај Бансел во текот на „пандемиската“ година „лансираше“ уште двајца милијардери, научници од престижните американски Универзитети.

Богатството на харвардскиот професор Тимоти Спрингер се зголемило за две милијарди долари, а Роберт Лангер од Универзитетот „Ем-Ај-Ти“ се збогатил уште за 1,5 милијарди долари.


Покрај тоа „Модерна“ ја ангажирала и фирмата на Италијанецот Серџио Стеванато за произведување на стаклени шишиња за транспорт и примена на вакцината.

Благодарение на тоа Стеванато исто така се нашол на листата на богатите со 1,9 милијарди долари.

Меѓу оние коишто најмногу заработиле се и творците на лекови и суплементи за зајакнување на имунитетот, а од нив се издвојува Канаѓанецот Карл Хансен со 1,9 милијарди долари.

Кинезите најбројни


Меѓу најбројните „новопечени“ милијардери (иако не и најмоќни) во просек, се Кинезите.

На првото место од Кина, а воедно и најбогата жена на листата е Јуан Липинг којашто исто така има и канадско државјанство.

Инаку, таа е сопственичка на 24 отсто од водечкото кинеско производство на вакцините. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk