По прашањето кое Илон Маск им го постави на твитерџиите цената на оваа криптовалута - „одлета“ во небото

Супермен

11/05/2021

13:58

2.964

Големина на фонт

а а а

Ексцентричниот американски милијардер Илон Маск утрово им поставил прашање на своите следбеници на Твитер.

Прашањето било: Дали „Tesla“ треба да прифати плаќање во доџкоин?

Инаку, ова се смета за невообичаен потег во традиционалните бизнис кругови.

Најновиот твит на Маск доаѓа само неколку дена откако тој најави дека неговата комерцијална вселенска компанија „SpaceX“ ќе ја прифати оваа криптовалута како средство за плаќање, пренесува „Ројтерс“.


„Дали сакате „Tesla“ да го прифати доџкоинот?“, прашал Маск на социјалната мрежа Твитер каде што има околу 53,8 милиони следбеници.

Откако Маск го напишал твитот цената на криптовалутата се зголемила од 46 на 54 центи, тврди „Блумберг“.

Инаку, твитовите на Маск оваа година своевремено токму доџкоинот којшто на социјалните мрежи се лансираше како шега, го претворија во „сон“ на шпекулантите, наведува британската агенција.


Овој дигитален коин, во неделата изгуби речиси повеќе од една третина од својата вредност, откако Маск го нарече „празна приказна“ во една од најгледаните ТВ емисии во САД која се емитуваше во саботата навечер. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Маск „погреба“ уште една криптовалута: Само што проговори - вредноста веднаш се намали



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk