Американско истражување: Ова е најскапиот град на светот за странски работници

Супермен

22/06/2021

14:34

2.116

Големина на фонт

а а а

Како што се објаснува во извештајот од „Mercer“, актуелната финансиска криза во Туркменистан која довела до недостаток на храна и хиперинфлација, влијаела и на зголемување на трошоците за живот во Ашхабад.

Престолнината на Туркменистан, Ашхабад, е најскап град на светот за странски работници, покажало овогодишното истражување за трошоци за живот на американската компанија „Mercer“.

Во овогодишниот извештај на компанијата рангирани биле 209 градови од светот врз основа на споредба на трошоците за живот кои вклучуваат издавање на станови, данок, храна и забава, при што како споредба земен е предвид Њујорк, известува „CNN“.


Ашхабад кој бил на второ место минатата година на листата најскапи градови за странски работници, сега е на првото место на листата од 10 најскапи градови за странски работници во која главно се наоѓаат светски работни и финансиски центри, како Хонгконг кој минатата година беше на првото место, а оваа година на второто место, потоа Токио кој се наоѓа на четвртото место, Цирих кој се наоѓа на петтото место и Сингапур кој се наоѓа на седмото место, наведуваат истражувачите.

Како најголемо изненадување во однос на минатогодишното истражување се истакнува Бејрут кој од 45-то место се искачил на трето место оваа година.

Причините за таквото нешто според извештаите се економската депресија во Либан која се влоши со пандемијата на Ковид-19 и фаталната експлозија на пристаништето во Бејрут која се случи минатата година во месец август.


Европските градови исто така оваа година се рангирани како релативно поскапи за разлика од американските, со оглед на растот на еврото во споредба со доларот од речиси 11 отсто, што резултирало Њујорк да не се најде во топ 10-те најскапи градови за странски работници, додека пак Париз се искачил на 33-то место.

Слична ситуација е и со австралиските метрополи, како Сиднеј и Мелбурн кои се искачиле на ранг-листата поради апрецијација на австралискиот долар.

Што се однесува до најевтините градови за работници од странство, според истражувањето се најдоа Тбилиси, главниот град на Грузија, Лусака - Замбија и престолнината на Киргистан, Бишкек, наведува „CNN“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk