Продадена легендарната „Toyota Supra“ која ја возеше покојниот Пол Вокер во „Fast & Furious“

Супермен

22/06/2021

16:04

2.624

Големина на фонт

а а а

Секој кој е запознаен со франшизата „Fast & Furious“ најверојатно знае за познатиот модел „Toyota Supra“ кој го возеше покојниот Пол Вокер во првиот филм.

Дури и ако не сте запознаени со овие филмови, влијанието коe го имаше овој автомобил на „тјунинг“ сцената на почетокот на 2000-те е доволно големо за секој љубител на автоиндустријата да стигнал до него на еден или друг начин.


Неодамна, овој светлопортокалов модел од 1994 година беше ставен на продажба од страна на аукциската куќа „Barrett-Jackson“ каде беше понуден без резерва. Автомобилот ја започна својата кариера во 2001 година во првото издание на „Fast & Furious“, а ја продолжи и во наредниот дел, додека на својот иден сопственик му носи опсежна документација која вклучува и сертификат за автентичност.


Познатата „Toyota Supra“ е продадена по сума од 550.000 долари, а со оглед на важноста на овој филмски јунак во автомобилската култура, не нè чуди постигнатата цена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk