„Opel“ го потврди враќањето на „Manta“

Точка

10/07/2021

22:45

16.787

Големина на фонт

а а а

Големите новости од „Opel“ вклучуваат целосно преминување на електрична енергија, како и лансирање на легендарни имиња.

„Opel“ во склоп на настанот „Stellantis EV Day“ ги објави своите планови за идната деценија. Она што дефинитивно ќе остане запаметено е преминот на електрична енергија, кој во Европа е закажан веќе за 2028 година.

За да биде поконкурентен, „Opel“ планира присутност во Кина, како и лансирање низа електрични модели. Помеѓу нив, најатрактивно е едно многу добро познато име, а тоа е „Manta“ која навистина се враќа на сцената, и тоа веројатно за неколку години.

Мајкл Лохшелер, првото име на „Opel“, во видеото јасно ги открива плановите:

„'Opel' од 2028 година ќе нуди исклучиво електрични модели на европскиот пазар. Со тоа ја потенцираме посветеноста на брендот за електромобилност“.

Кога станува збор за „Manta“, новиот модел сепак ќе биде поразличен од претходно прикажаниот концепт „Manta GSe ElektroMOD Coupe“. На видеото накратко може да се види што точно нè очекува. Судејќи по сè, „Manta“ ќе ја користи новата платформа „Stellantis“, а се очекува и минимален досег од 500 км.



Спонзорирани линкови

Маркетинг