Токио полуде по убавата Русинка: Ја нарекуваат „Божица во бикини“

Супермен

27/07/2021

21:22

9.989

Големина на фонт

а а а

Руската пливачка Јулија Ефимова која во финалето на Олимписките игри ќе ги одмери силите во трката на 100 метри градно против Американката Лили Кинг, го освојува Токио и со својот атрактивен изглед.

Прекрасната 29-годишна Русинка плени со својата убавина, а температурата дополнително ја подигна со својата фотографија на која позира пред базенот во бикини. Фотографијата има повеќе од 51.000 лајкови и мноштво коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Сите се согласни дека Ефимова има тело за медал, а таквите коментари не не чудат со оглед на фактот дека со години важи за една од најубавите и најзгодни спортистки.

Остана забележана и нејзината изјава кога ѝ било споменато дека помеѓу правилата во Токио е и забраната за интимни односи во олимпиското село...

„Чекајте, рековте забрана за интимни односи? Како и многу други спортисти, мислам дека ќе се занимавам со некои други нешта на Игрите“, рекла Јулија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk