Пораснала со Библијата, сега се соблекува за страница за возрасни: Ќерка на свештеник се откажала од факултетот, па заработува милиони гола

Супермен

29/07/2021

15:10

6.492

Големина на фонт

а а а

Нала Реј, ќерка на свештеник, порасната е во конзервативно и религиско семејство, но вели дека секогаш знаела дека сака повеќе од обичен и скромен живот.

Денес живее во Лос Анџелес, живот кој е сосема поинаков од детството и заработува повеќе од милион долари.

Имено, таа отворила профил на страница за возрасни и првиот месец веќе заработила 85.000 долари. Ја напуштила работата и се посветила на фотографирањето и сега месечно заработува 330.000 долари.

„Пораснав со многу строги правила. Јас сум средно од вкупно пет деца. Сите ние се образувавме дома, ја читавме Библијата секој ден и одевме во црква секоја недела. Татко ми беше локален свештеник и постојано чувствував притисок да бидам пример, бидејќи целиот град го следеше нашето однесување. Беше тешко. Не смеев да носам шминка или провокативна облека, не смеев да имам профили на социјалните мрежи, ниту да имам момче“, раскажала Нала.

Во еден момент почнала да работи како келнерка во бар, а тоа не им се допаднало на нејзините родители. Вели дека флертувала со сите за бакшиш и уживала во вниманието кое го добивала. Кога имала 16 години, нејзиното семејство се преселило на Флорида.

Вели дека се кае за многу рани врски, бидејќи била незрела, но истакнува и дека не можело да биде поинаку, со оглед на тоа дека никој никогаш не зборувал со неа за интимните односи.

Кога имала 18 години, го напуштила колеџот и, како што вели, ја преземала контролата над својот живот. Тогаш почнала да оди во теретана, станала фитнес модел, па дури и да ги продава своите фотографии на страница за возрасни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk