Поранешните девојки на славниoт тенисер кој го победи Новак изнесоа јавни обвиненија: „Ми зборуваше дека сум никоја и ништо, a дека тој е популарен и богат“

Супермен

30/07/2021

19:40

9.430

Големина на фонт

а а а

Две поранешни девојки го обвинија тенисерот Зверев за злоупотреба, една од нив е манекенката Бренда Патеи со која раскинал пред една година, а која во март на свет ја донесе нивната ќерка.

Веста за бременоста на оваа убавица таа ја сподели на својот Инстаграм профил, а тогаш напиша дека сама ќе го одгледува бебето. На истата социјална мрежа таа објави дека на свет дошла малата Мајла.

Како што најавила, таа одлучила ќерката да ја одгледува сама, а тенисерот не сака повеќе никогаш да го види.

Сепак, очигледно дека работите се смениле, судејќи по тоа што го гледаме на социјалните мрежи поради тоа што сепак тенисерот поминува време со неа и со ќерката, а сите тројца изгледаат среќно заедно.

Сепак Бренда не била единствената која го обвинила тенисерот за злоупотреба.

Набрзо по нејзината исповед се огласила и друга поранешна девојка на Германецот - Олга Oлја Шарипова со која имал бурна врска која завршила на средината на 2019 година, само неколку месеци пред да ја започне врската со Бренда.

Таа го обвинила за насилство во врската, а изнела и некои детали како тоа дека ја гушел со перница, ја удирал со главата од ѕид итн.

Тенисерот овие изјави од девојките ги демантирал со отворено писмо до јавноста.

Кога станува збор за Бренда тој истакнал дека се во добри односи и дека се радува што ќе добие дете, а додал и дека сè што Шарипова изјавила е лага.

„Сериозните обвиненија ме растажуваат. Се знаеме уште откако бевме деца и заедно поминавме многу работи. Бевме во врска, завршивме одамна и зошто сега ме обвинува навистина не знам“, изјавил Зверев.

Но, младата убавица одлучила приказната да ја тера до крај, па одговорила на соопштението на Зверев на Инстаграм стори:

„Мојата приказна штотуку започна. Поради тоа што не лажам и двајцата знаеме дека тоа е така. Не се плашам да кажам што е вистина. Сакам на сите мажи кои се однесуваат лошо кон жените да им покажам дека не сме додаток, дека не сме +1, дека не сме кукли и дека не можете да правите што сакате со нас. Доколку мислеше дека ќе молчам после сè што поминав во таа врска, си се излажал. Не сакаше лично да ми дадеш одговори. Така што и јас истото го направив“, напишала руската фотографка.

Таа исто така дала и неколку изјави за германските медиуми:

„Минатата година по Лавер купот ме удри по глава. Не знаев што да направам. Ме злоупотребуваше и психички низ цела врска. Ми зборуваше дека сум никоја и ништо, дека тој заработува пари и дека е популарен и богат“, изјавила девојката за „Blid“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk