(Видео) Навивачите на ФК Барселона плачат пред стадион: Заминува Лионел Меси, најголемиот во историјата

Супермен

06/08/2021

09:45

4.166

Големина на фонт

а а а

Шпанците се во неверување поради тоа што клубот соопшти дека нема да потпишува нов договор со Аргентинецот.

ФК Барселона во официјално соопштение објаснила каква е ситуацијата со Лионел Меси, а веќе почнаа лицитациите каде тој ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.


Откако шпанскиот тим откри дека најдобриот играч во клупската историја не останува во Каталонија, неколку клубови почнаа да се интересираат за него, а навивачите на ФК Барселона не можат да поверуваат што се случува.

Откако се појавило соопштението од шпанскиот клуб, навивачите постојано доаѓаат до стадионот Камп Ноу во дресови на прекрасниот Аргентинец, оставаат пораки кои се посветени на својот идол или пак само тажно седат и гледаат во стадионот на кој Меси ја помина цела своја професионална кариера.


Деталите за преговорите на ФК Барселона и Лионел Меси треба да ги дознаеме во текот на денов кога на конференција за јавноста ќе се обрати претседателот на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk