Познатата 52-годишна манекенка Хелена Кристенсен објавила низа нови фотографии на кои позира во сексапилна долна облека.
Таа ја покажала одличната линија на телото, а провокативните фотографии на славната убавица, која некогаш беше ангел на „Викторија Сикрет“, предизвикаа воодушевување, но и критики од нејзините фанови.
„Прекрасна жена без пластични операции“, „Твојата убавина е чиста уметност“, „Кога сите вака би старееле...“, „Изгледаш неверојатно“, „Вистинска, природна убавица“, се само дел од комплиментите кои Хелена ги добила.
Но, од друга страна имало и многу критики - јавноста ѝ замерува дека таа претерува со разголените фотографии и дека тоа не ѝ треба во нејзината блескава кариера.
„Зошто започна да се соблекуваш на стари години?“, „Изгледаш совршено, но зошто постојано потенцирање голотија?“, се дел од коментарите во тој манир.