Толку е баран што продажбата ќе се одвива преку лотарија: Ова е новиот „Nissan GT-R“

Супермен

16/09/2021

17:14

7.229

Големина на фонт

а а а

Трет редизајн за последен поздрав на еден од најзначајните „спортисти“ на овој милениум.

Претставен како концепт во 2005 година и 2 години подоцна во производно издание, „Nissan GT-R“ е еден од најдолговечните спортски автомобили на пазарот. А по многумина и најдобар.


Без сомнеж, статусот на легенда ќе беше обезбеден дури и да немаше редизајн во 2011 и 2017 година, па дури и да немаше безброј специјални изведби. Сепак, на сè му доаѓа крајот, а во овој случај тоа е изведбата „T-Spec“. Неодамна претставената изведба ќе го означи крајот на еден модел и една епоха со серија од 100 примероци. Многу е веројатно дека повеќе нема да гледаме вакви пуристички машини од Јапонија.

Но, за жал оваа проштална изведба, достапна во нијансите „Millennium Jade“ и „Midnight Purple“, останува резервирана за јапонскиот пазар, додека дел од серијата ќе оди во Америка. Покрај новите бои, моделот добива и карбонски детали на каросеријата, композитни кочници, па дури и специјални алуминиумски тркала.


Внатре, од друга страна, има специјални сериски ознаки и најпрефинетите можни материјали - комбинации од кожа и зелена Алкантара.

Под хаубата нема промени - 3-8 V6 битурбо е скапоцен камен каков што ретко се гледа и слуша, погонот е на сите 4 тркала, а максимумот што е подготвен да го даде е 572 коњски сили и 637 Nm. Од 0 до 100 км/ч. пристигнува за 2,8 секунди и не застанува до 315 км/ч.

Продажбата започнува во октомври, а поради големиот интерес ќе биде организирана лотарија. Почетната цена е околу 123.000 евра, а во препродажба само небото ќе биде граница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk