Овие убавици се од поставата на менкенки од 90-те години. Со години ги освојувале светските модни писти, а сега на социјалните мрежи покажуваат дека годините не им можат ништо.
Ѕвездата на спотот "Wicked Games" и познатиот супермодел од 90-те години привлекува погледи и на 52 години. Данската манкенека Хелена Кристенсен (52) позираше во црна долна облека па ја разбуди бујната фантазија кај многумина.
Синди Крафорд (55) која заедно со овие убавици е дел од најуспешните манекенки на сите времиња, на социјалните мрежи често споделува свои фотографии. И понатаму позира покажувајќи го беспрекорното тело.
И Клаудија Шифер (51) пред две години се соблече за Вог и воодушеви со изгледот.
Ел Мекфирсон (57) и понатаму потврдува зошто го имаше надимакот "тело". Можеби на нејзиното лице се забележуваат нејзините години, но својата витка, манекенска линија ја одржува со редовно вежбање и водење грижа за здрава исхрана. На својот Инстаграм често дели совети за здравиот начин на живот.
И Кристи Тарлингтон (52) ја задржала убавината и тенката линија, а за ефикасноста на јогата често зборува на социјалните мрежи. За разлика од другите модели, неа тешко може да ја забележеме во провокативни изданија, но нејзината сензуална убавина е секогаш впечатлива.