Кралеви на автономијата: Им завидуваат сопствениците на електрични автомобили

Точка

16/10/2021

17:34

40.610

Големина на фонт

а а а

Електричните автомобили во последните неколку години успеаја да ги стигнат ривалите со фосилни горива во сите сегменти – освен во еден.

Јасно е дека станува збор за максималниот радиус на движење. Точно, со технолошкиот развој, автономијата на овие возила значително се зголеми и реално достигна вредност која може да ги задоволи повеќето клиенти во секојдневното возење.

Впрочем, 500 или 600 километри треба да бидат доволни, бидејќи дури и на бензин или дизел, не се препорачува подолго возење без застанување. А кога веќе застанувате на пауза, можете да ги дополните и батериите, зарем не?

Меѓутоа, доколку бараме рекордери на автономија при возењето, ќе ги најдеме на друго место.

Неодамна, „Toyota Mirai“ го собори рекордот во конкуренција на возила на погон на водородни горивни ќелии. Неговите резервоари со капацитет од 5,45 килограми се полнат за само 5 минути, а рекордниот радиус на движење, со максимално внимание на возачот, изнесува речиси 1.360 километри.


Уште пофасцинантни резултати постигнуваат современите дизели. И тука станува збор за возење на отворен пат, а се работи за луксузниот „BMW Serieѕ 7“.

Под хаубата се наоѓа мотор Б57, 3.0-литарски дизел со 260 коњски сили, а Џо Ахил го возеше овој автомобил низ Англија, симулирајќи го патувањето од Лондон до Барселона.

Тој првично сакал да стигне до најголемиот каталонски град без дополнување на гориво, но поради рестрикциите предизвикани од пандемијата, не можел да го стори тоа.

Планот Б бил да вози низ Островот додека резервоарот не се испразни. Преведено во бројки, со еден резервоар од 75 литри поминал фасцинантни 1.440 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг