Американската актерка и модел, Каруче Трен (33) во необично издание се појавила на роденденска забава. Темата на забавата бил подводниот свет и Каруче не ги разочарала присутните.
Таа се појавила во долг зелен фустан од проѕирен материјал, а оваа креација всушност повеќе открива отколку што покрива.
Измамила многу погледи и воздишки и ја покажала заносната фигура на која никој не останува рамнодушен.
Проѕирниот материјал ѝ го истакнал задникот, но и градите кои биле заштитени со светкави циркони. Бидејќи оваа тоалета е отворена кај стомакот, сите можеле јасно да ги видат нејзините стомачни.
Носела и мрежа на косата, украсена со школки, но и мала, зелена чанта и тиркизни сандали со ремени.