Фановите изненадени, девојките во транс: Претпоставувате ли како овој млад актер денес изгледа?

Супермен

27/10/2021

10:16

6.455

Големина на фонт

а а а

27-годишниот актер кој изминативе десет години толкуваше улоги во некои од најуспешните холивудски филмови „преку ноќ“ драстично го сменил својот изглед, а неговите фотографии молскавично се шират на социјалните мрежи.

Актерот Вил Поултер е најпознат по улогите во филмовите „We're the Millers“, „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“, „The Revenant“, а во текот на кариерата забележал 28 улоги во филм и телевизија.


Поради тоа тој е под будното око на јавноста и папарацо фотографите, но поради некоја причина многумина не ја забележале толку неговата физичка трансформација.

Имено, овие денови на социјалните мрежи кружат фотографии од актерот и една која настанала неодамна, на кои Вил кој гледачите го паметат како симпатично момче од комедиите изгледа како вистински холивудски заводник.


„Извинете, но кога Вил стана толку секси?“, прашала некоја твитерџика додека друга констатирала дека актерот сега е „нов човек“.

„Од кога Вил изгледа како Хемсворт?“, прашала друга девојка мислејќи на браќата Крис и Лијам, австралиските актери познати по нивниот неверојатен изглед.

Меѓу коментарите може да се најде и сомнеж дека Вил подлегнал на операции и дека поради нив изгледа добро.

„Ми се допаѓа тоа што Вил се оперирал, а луѓето мислат дека тоа е само пубертет“, се пошегувал некој од твитерџиите, па додал:

„Очигледно дека на луѓето им е попријатно да помислат на тоа отколку дека и мажите прават естетски операции“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk