„Со само 2% од богатството, Маск би помогнал да се реши проблемот со гладот во светот“

Супермен

27/10/2021

11:16

4.914

Големина на фонт

а а а

ОН наведуваат дека ситуацијата станува алармантна поради тоа што на веќе постоечката криза влијаеше пандемијата на коронавирусот.

Вчера во светот одекна веста дека американскиот бизнисмен и основач на компанијата „Tesla“ Илон Маск, за само еден ден е побогат за дури 36 милијарди долари и дека неговото лично богатство вреди повеќе од некои други успешни компании во светот.


И, не само тоа, според податоците на „Bloomberg“ Американецот сега е за речиси 100 милијарди долари побогат од Џеф Безос, основачот на „Amazon“.

„Мала група на исклучително богати поединци би можела да помогне во решавање на проблемот со гладот во светот, со само дел од нивната нето вредност“, вели директорот на Програмата за светска храна при ОН, Дејвид Бизил, пренесува „CNN“.

Тој особено посочил на двајцата најбогати луѓе, а тоа се Маск и Безос, акцентирајќи дека Маск со само 2 отсто од своето лично богатство би можел да го реши проблемот со гладот на планетата Земја.


Да ве потсетиме, богатството на Маск „преку ноќ“ се зголеми по растот на акциите на компанијата која сега вреди повеќе од билион долари.

„Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе починат доколку не дојдеме до нив и не им помогнеме. Тоа не е комплицирано“, додал Дејвид Бизли.

Извршниот директор на „Tesla“ има богатство од речиси 289 милијарди долари според „Bloomberg“, што значи Бизли „бара“ донација од само 2 отсто од таа сума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk