„Tesla“ го сруши рекордот: Влезе во елитниот клуб на компании од билион долари и нема намера да запре

Супермен

26/10/2021

23:21

4.077

Големина на фонт

а а а

„Tesla“ штотуку стана шеста компанија во историјата на САД која вреди 1 билион долари.

Акциите во понеделникот се зголемиле за над 12 отсто и се затвориле на околу 1.025 долари, поттикнати од две добри вести: „Nertz“ најави рекорднa нарачка од 100.000 автомобили „Tesla“ за својата флота, а влијателниот аналитичар на автомобили од „Morgan Stanley“, Адам Џонс, неодамна ја зголемил цeлната цена на „Tesla“ на 1.200 долари по акција.

Таа еднодневна добивка ја зголемила вредноста на „Tesla“ за повеќе од еден билион долари. Оваа пазарна капитализација е помала од половина од вредноста на „Apple“, највредната компанија на светот со 2,5 билиони долари и другите компании, како на пример „Microsoft“ која вреди 2,3 билиони долари.


Останатите членови во клубот од билион долари се „Google“ со вредност од 1,8 билиони долари и „Amazon“ со 1,7 билион долари.

„Tesla“ е втората компанија која за кратко време ја преминала границата од 1 билион долари. До тој праг стигнала по повеќе од 12 години од иницијалните јавни понуди во 2010 година. Само на „Facebook“ му требало пократко време да го оствари тоа, околу 9 години, пренесува „CNN“.

На „Apple“ му требало најдолго време, повеќе од 37 години откако почнал да тргува во 1980 година, додека пак на „Microsoft“ му требале нешто повеќе од 33 години. На „Amazon“ му требале 21 година, додека пак на „Google потребни му биле 15 години за да ја достигне таа цифра. 

Возбудувањето на Wall Street околу иднината на електричните возила на „Tesla“ ѝ донесе пазарна вредност на компанија поголема од 11 најголеми светски произведувачи на автомобили заедно.


Во споредба, „Tesla“ вреди три пати повеќе од „Toyota“, вториот највреден произведувач на автомобили кој има пазарна капитализација од околу 280 милијарди долари.

Минатата година „Tesla“ продала само 500.000 автомобили ширум светот, тоа значи дека неговата моментална пазарна вредноста е еднаква на приближно 2 милиони долари по продадено возило.

Компанијата оваа година веќе продала 627.000 автомобили, а целта е да биде близу милион продадени возила за цела година. Тоа и натаму би претставувала процена од над милион долари по возило. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk