Фото: Најлесниот електричен суперавтомобил на светот доаѓа од Индија

Супермен

27/10/2021

16:21

3.707

Големина на фонт

а а а

Освен што е најавен како најлесен во својата категорија, „Vazirani Ekonk“ е воедно и најбрзиот автомобил некогаш произведен во Индија. Како што велат од стартап компанијата која стои зад него, во возилото нема никакви посебни додатоци освен оние кои се однесуваат на погонот.

Кога станува збор за електрични суперавтомобили, и Индија очигледно има што да понуди. Чанки Вазирани, индиски претприемач кој има искуство во компаниите „Rolls-Royce“ и „Jaguar“, започнал сопствен стартап и создал уникатен автомобил.

Неговиот назив е „Ekonk“, што во превод отприлика би значело „почеток на боженственото светло“ односно „Големата експлозија“.


Како што вели основачот, станува збор за најлесниот батериски електричен суперавтомобил на светот, а воедно и за најбрзото возило некогаш направено во Индија.

„Vazirani Ekonk“ може да се пофали со маса од само 738 кг. и електромотор со моќност од 722 коњски сили, па односот на силата и масата изнесува речиси 1:1.


Она што е посебно за „Ekonk“ е фактот дека од него е исфрлено сè што е „непотребно“. Така, во овој автомобил нема електроника, системи за асистенција на возачот и останати модерни додатоци.

Автомобилот е механичко-електричен колку што може да биде, односно во себе го содржи само она неопходното: погон, суспензија, електромотори и тркала. Важно е да се нагласи дека во него има место само за едно лице – возачот.


Голема заштеда кога станува збор за масата во овој автомобил е остварена со отстранувањето на воденото ладење на батериите. Тие во случајот на „Ekonk“ се ладат со воздух и тоа на иновативен начин. Нивните инженери наводно го проучувале начинот на кој луѓето и животните дишат и ја регулираат телесната температура, па некои од тие принципи се применети и на ладење на батериите исклучиво преку проток на воздухот.


Резултатот е лесен електричен болид кој од 0 до 100 км/ч. би требало да забрзува за околу 2,5 секунди, додека максималната брзина е нешто над 300 км/ч.

Засега сè уште нема никакви информации за цената и почетокот на сериското производство на овој автомобил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk