Тиктокерка позирала на црвениот тепих па сфатила дека погрешно го облекла фустанот: "Дајте ми уште една шанса"

Точка

27/10/2021

20:20

7.108

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Тефи Песоса ги интервјуирала ѕвездите на лондонската премиера на филмот "Dune", а подоцна открила дека се посрамотила.

На премиерата во Лондон таа носела елегантен фустан, но на погрешен начин. Имено, фустанот имал огромна дупка на бутовите низ која требало да влезе ногата. Меѓутоа, Песоса подоцна сфатила дека погрешно го облекла фустанот.


"Ви благодарам на поддршката, но само што дознав дека ногата требало да помине низ дупката. Бев на црвениот тепих и не го знаев тоа. Зошто не знам да се облечам? Возрасна личност сум. Се извинувам, можам сама да се облекувам, дајте ми уште една шанса", рекла таа.

Песоса собрала повеќе од милион следбеници на ТикТок со своите видеа во кои ги објаснува моментите во поп-културата, како на пример љубовната врска помеѓу Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг