Вкупните трансакции во периодот од 12 месеци до јуни 2021 година изнесувале 12,8 милијарди хонгконшки долари што е повеќе од дупло во однос на минатата година.
Стан во Хонгконг продаден е за 640 милиони хонгконшки долари (82,2 милиони долари) што го прави најскапиот продаден стан по квадратен метар во Азија.
Тоа е уште еден знак за драматичното зголемување на цените на недвижностите во тој град и административен регион.
Исто така, „Wharf Holdings Ltd.“ и „Nan Fung Development Ltd“ продале стан на Mount Nicholson во еден од најпознатите луксузни проекти во градот за 140.800 хонгконшки долари по метар квадратен, известуваат компаниите, а пренесува „Bloomberg“.
Инаку, станот во Peak, луксузен станбен дел во Хонгконг доаѓа со три паркинг места, а се простира на 442 метри квадратни. Со тоа е срушен рекордот кој беше поставен пред речиси девет месеци.
Фирмата на хонгконшкиот тајкун Виктор Ли продала стан за 136.000 хонгконшки долари по метар квадратен во февруари, минатата година.
Најновата продажба покажува дека градскиот пазар на луксузни станбени објекти, веќе едно од најскапите во светот, продолжува да расте.
Неидентификуван купувач на недвижности на Mount Nicholson исто така купил стан за 561 милион хонгконшки долари со што вкупната сметка е зголемена на повеќе од 1,2 милијарди тамошни долари за оваа трансакција.
Инаку, Mount Nicholson е еден од најбараните ултралуксузни објекти меѓу богатите во Хонгконг.