Зошто жените изневеруваат? Експертот за љубовни врски ги открива шесте главни причини за ова

Точка

24/10/2024

23:40

12.212

Големина на фонт

а а а

Експертот за љубовни врски Трејси Кокс потенцира шест клучни причини поради кои жените често ги изневеруваат своите партнери. „Ако сте жена која одлучила да изневерува, можеби тоа го правите поради бројни сложени причини“, изјави таа за „Дејли Мејл“, додавајќи: „Некои од причините можеби ќе ве изненадат“.

Емоционално запоставување

Емоционалното запоставување вклучува партнер или брачен другар кој „постојано не ги забележува, не реагира или не возвраќа“ на изразените чувства на својот партнер. Таа објасни дека ова може да биде предизвикано од бројни фактори, вклучувајќи забрзаниот начин на живот, општествените очекувања или високо ниво на стрес што го чувствува партнерот.


„За жал, емоционалното запоставување е исклучително тешко да се забележи бидејќи вашиот партнер всушност не прави ништо погрешно“, вели Трејси. Таа објасни и кои се очигледните знаци на овој проблем: одложување на плановите, чувство на осаменост и недоразбирање околу тоа што сака и очекува вашиот партнер од вас.

Кокс тврди дека жените кои страдаат од недостаток на емоционална поврзаност се повеќе склони кон изневерувања.

Одмазда

„Доколку вашиот партнер ве повредил во минатото, можеби ќе сакате да му возвратите“, објаснува експертот.


„Не се работи само за „подмирување на сметките“: туку станува збор за враќање на чувството на контрола и достоинство во врската во којашто се чувствуваме изневерени“, рече таа и додаде: „Можеби тоа не е најдобриот потег, но тешко е да се одолее на нагонот да го повредиме партнерот на ист начин како што тој нè повредил нас“.

Борба за моќ

„Без разлика дали се работи за пари, статус или возраст, доколку премногу се разликувате во одредени нешта, тоа може сериозно да ѝ наштети на врската“, рече таа. Според неа, жените кои се чувствуваат како да се „инфериорни“ во однос на своите партнери понекогаш посегнуваат по контрола по пат на прељуба.


„Во врските каде што има емоционална или психолошка нерамнотежа, изневерувањето е начин да се врати чувството на контрола“, објасни Кокс, додавајќи: „Тоа е особено честа појавата кога едниот партнер е премногу доминантен и го контролира другиот партнер. Ако се плашите директно да се соочите со нив, правењето на нешто тајно зад нивниот грб за да се чувствувате подобро може да ви делува како втората најдобра опција“.

Лош сексуален живот

Според една студија објавена во Националниот институт за здравје, помеѓу 15,2% и 50,4% од жените не се задоволни од својот сексуален живот во врската или бракот.


Кокс тврди дека оваа неуморна желба за подобар секс предизвикува сè повеќе жени да се оддалечат од своите партнери и сопрузи.

„Ако сексот не е добар или редовен дома, веројатно ќе го побарате на друго место“, вели таа.

Потреба за независност

„Ако немате време за себе, тоа може многу да ја оптовари вашата врска“, рече Трејси.

„Имате домашни работи, своја работа, родителски обврски, социјален живот за одржување и, на пример, план за вежбање … Понекогаш едноставно потребно ви е време кога ќе бидете вие самите, без да ги исполнувате очекувањата на другите. Додека некои се релаксираат во бањата, други им се јавуваат на своите љубовниците за да уживаат во малку авантура“, ја објасни таа петтата причина.


„Постојаниот стрес од балансирање на кариерата, мајчинството и другите одговорности прави многу жени да се чувствуваат недоволно ценети и преоптоварени“, додаде таа.

Здодевност

Речиси осум отсто од жените признале дека изневерувале само затоа што им било досадно, а другите пет отсто рекле дека го направиле бидејќи имале желба за нешто ново“, рече Трејси, додавајќи: „Моногамијата може да обезбеди сигурност и друштво, но и во добрите врски постојат моменти кога сè станува монотоно“.


Исто така, таа ги советува сите да најдат начин да се изборат со здодевноста доколку дојде до таква ситуација. „Свртувањето кон друга личност не е решението“, рече таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk