Илон Маск го продава својот „последен“ дом за оваа сума на пари - па, каде живее тој сега?

Супермен

24/11/2021

12:34

5.629

Големина на фонт

а а а

Вилата е единствениот останат дом во богатото портфолио на милијардерот.

Очигледно дека Илон Маск го исполнува своето ветување дека „не поседува куќа“. Минатата година, извршниот директор на компанијата „SpaceX“ на Твитер напиша дека ќе ги продаде сите свои недвижности во обид дека ќе ги „рестартира“ речиси сите свои физички имоти.


Тој ги продаде своите четири резиденции во Бел Ер за 62 милиони долари, а сега повторно е на чекор од раздвојување со последниот имот од своето портфолио - вилата во областа Сан Франциско која последен пат била на продажба за 32 милиони долари.

Маск првобитно својата куќа од 1.600 метри квадратни минатата година ја продавал за 35 милиони долари што е сума која би му донела значаен профит затоа што ја купил за 23,3 милиони долари во 2017 година, според последните податоци.


Историската резиденција првобитно била изградена во 1912 година дизајнирана од страна на архитектонската фирма Bliss & Faville. Оттогаш е реновирана за да одговара на современите стандарди, голема соба за танцување, трпезарија и кујна.

Вилата има седум спални соби и седум тоалети, а се наоѓа на пространа парцела од 47 ари. Во трпезаријата се наоѓа и „скриена“ коктел соба до која може да се пристапи преку модуларниот ѕид со полици.

Останати работи кои ги им се подруми за вино и виски, како и посебен простор посветен за аранжирање цвеќе. Во меѓувреме главната спална соба има сопствен камин, два плакари и два тоалети - едно самостојно со када.


Екстериерот е еднакво импресивен. Во дворот се наоѓа базен и павилјон за забава, со засебна гаража за три автомобили.

Па, каде сега живее Маск?

Во јуни тој на твитер напиша дека живее во стан за кој плаќа месечна кирија од 50.000 долари во близина на кампусот „SpaceX“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk