Новите фотографии на Мадона се како оние од содржините за возрасни: „Вашите деца се сигурно горди...“

Супермен

25/11/2021

13:47

9.249

Големина на фонт

а а а

Мадона (63) треба да ја понесе титулата на кралица на скандалите затоа што тоа е тоа со што повеќе се занимава од музиката.

Освен 30-на години помладото момче, голотиите и операциите, сега на Инстаграм таа објавила фотографии кои потсетуваат на оние од содржините за возрасни.

Освен на истите што ѝ се гледаат голите гради, пeјачката позирала во компромитирачки пози.

Не поминало многу време, а нејзините фанови веднаш ѝ напишале коментари на кои видливо е колку се згрозени поради однесувањето на поп дивата.

„Ова веќе станува срамно. Вашите деца мора да се многу горди на вас. Престанете да го покажувате задникот, видовме многу повеќе од тоа...“, „Зошто Мадона? Зошто, душо? Мислев дека си подобра од ова“.

Инаку, не поминува ниту една цела седмица, а Мадона да не направи некој скандал за кој со денови се пишува во весниците. Така минатата седмица се појави на фотографија во магазин на која позира како Мерилин Монро алудирајќи на нејзината смрт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk