„Time“ ја прогласи личноста на годината – човекот кој остави голема трага на Земјата, а истото можеби ќе го направи и на Марс

Супермен

13/12/2021

20:13

8.611

Големина на фонт

а а а

Познатиот милијардер и бизнисмен Илон Маск избран е за личност на годината според магазинот „Time“ за 2021 година.

Извршниот директор на „Tesla“ и „Space X“, втората најбогата личност на светот стана централна личност во медиумите додека тој и неговите компании продолжуваат да ја креираат иднината на автомобилите и вселенските патувања.

Наведено е дека Маск оставил голема трага врз нашата планета и дека можно е истото да го направи и на Марс.

Само во 2021 година „Space X“ кој беше основан во 2002 година влезе во историјата во септември откако ја изврши првата мисија во вселената со посада која беше составена од цивили.

Меѓу нив беше и личност која преживеала канцер во детството, пренесува „Today“.

По учеството во тоа што многумина го нарекуваат „трка на милијардерите во светот“, NASA во април го избра „Space X“ за градење на лунарен лендер за идните генерации, а тој во таа прилика победи двајца кандидати и доби договор од 3 милијарди долари.

Титулата за личност на годината според „Time“ која уредниците на магазинот ја објавуваат кон крајот на секоја година претставува влијание кое таа личност го имала во вестите од светот во текот на изминатата година.

Минатата година за личност на годината беа избрани претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камила Харис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk