Австралискиот „The Age“ објави карикатура од Ѓоковиќ како гори, по укинувањето на неговата виза

Супермен

14/01/2022

12:22

17.070

Големина на фонт

а а а

Австралискиот портал „The Age“ објави скандалозна карикатура по одбивањето на визата на Новак Ѓоковиќ.

Откако најдобриот светски тенисер ја доби информацијата дека неговата виза е укината, започнаа разните прозивки од страна на Австралијците, а карикатуристот Мет Голдин објави илустрација на својот Твитер профил.

На карикатурата се гледа Ѓоковиќ кој се наоѓа во контејнер кој гори со тамошниот министер за имиграција, Алекс Хок, кој држи искината виза во рацете, а долу стои „Предност за вакцинираните“.

Покрај тоа, на контејнерот се наоѓа логото на Австралија Опен (АО) на кое буквата „О“ е претставена како инсинуација на коронавирусот.

За потсетување, на Новак по доаѓањето во Австралија му беше забранет влез, иако имаше медицинско изземање, поради наводно недоволните докази. Тој бил сослушуван над 7 часа и бил притворен, а потоа и префрлен во хотел во кој се наоѓаат азиланти во нехумани услови.


Федералниот суд во Викторија донесе одлука да се укине притворот на Новак, но конечниот збор го имаше Хок, кој ја укина визата на тенисерот.

Тимот на Новак се уште има право на жалба и на оваа одлука.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk