(Видео) Отказ со звуците на „Лебедово езеро“: Руската независна телевизија на симболичен начин ја прекина работата

Супермен

04/03/2022

15:02

9.704

Големина на фонт

а а а

Една од последните независни руски новински куќи, ТВ Дожд, објави дека ќе прекине со емитувања на програми по притисокот поради известувањето за војната во Украина.

Овој канал веќе се соочи со забрана за емитување од страна на руското регулаторно тело за телекомуникација, кое оценило дека ТВ Дожд поттикнува екстремизам, ги злоупотребува руските граѓани, предизвикува масовно нарушување на јавниот мир и безбедност и поттикнува протести.

Поради тоа, телевизијата го префрли своето емитување на интернет, а во четвртокот ја емитуваше својата последна емисија.

Крајот на последната емисија испрати силна порака до руското јавно мислење. Имено, една од основачките на телевизијата, Наталија Синдејева, ја завршила емисијата со недвосмислена реплика.

„Не за војна“, рекла Синдејева.


„Лебедово езеро“ за крај

По нејзината реплика била емитувана изведба на „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски.

Емитувањето на оваа балетска изведба испраќа порака бидејќи истата била неславно користена во емисиите од советската ера во текот на 80-те за одбележување на смртта на лидерите, а подоцна и во пучот во 1991 година кој придонел за крај на Советскиот сојуз.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk