„Тоа е како депозит за куќа“ – колку чини замена на менувач на „Audi“ автомобил?

Супермен

09/03/2022

16:04

7.612

Големина на фонт

а а а

Сопственик на „Audi“ изјавил дека бил изненаден кога сервисот во Нотингем му дал сметка за замена на менувачот од над 31.000 фунти.

Момче, половен „ R8 Spyder Quattro V10“  автомобил го платил 87.000 фунти.

Тој на 11 февруари го однел автомобилот на сервис, само неколку денови откако го презел од сервисот.


На почетниот сервис извршиле одредени поправки и ставиле нови гуми. Сметката била 4.500 фунти, па 34-гишниот сопственик ја платил сметката, а потоа по неколку денови во текот на возењето слушнал чудни звуци кои станувале сè посилни при поголема брзина.

Автомобилот повторно завршил на сервис

Од службата се јавиле две седмици подоцна. Рекле дека на автомобилот му бил сменет менувачот. Неговата цена изнесувала 29.000 фунти, а целата услуга чинела 31.289 фунти.


Сопственикот на автомобилот за медиумите изјавил дека е под стрес откако ја добил сметката.

„Во неверување сум, никогаш не сум доживеал нешто слично. Кој има толку пари да плати“, изјавил човекот, па додал: „Па, тоа е доволно за депозит за куќа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk