(Видео) Шпанија ја заплени јахтата од рускиот олигарх - „Валери“ е вредна 140 милиони долари

Супермен

15/03/2022

10:11

8.437

Големина на фонт

а а а

Шпанија привремено запленила јахта од рускиот олигарх Сергеј Чемезов, вредна 140 милиони долари во Барселона, соопштила владата.

Медиумите пренесуваат дека оваа јахта припаѓа на шефот на рускиот државен конгломерат „Ростек“, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Денес запленивме - техничкиот термин привремено е имобилизиран - јахтата која му припаѓа на еден од главните олигарси“, изјавил шпанскиот премиер Педро Санчез на телевизијата „Ла Секта“.


„Зборуваме за јахтата за која проценуваме дека вреди 140 милиони долари. Ќе има уште такви“, додал тој, не објаснувајќи ги деталите.

Страницата за надгледување на поморскиот сообраќај „Марин Трафик“ соопштила дека јахтите се поврзани со уште два олигарси кои сè уште не се санкционирани, а истите пристигнале во Барселона.

Јахтата „Валери“ долга 85 метри му припаѓа на Сергеј Чемезов, поранешен офицер во КГБ кој е на чело на државниот конгломерат „Ростек“, пренеле странските медиуми.


Инаку, Западот ги санкционираше руските милијардери, им ги „замрзна“ државните имоти и отсече поголем дел од рускиот корпоративен сектор од глобална економија од руската инвазија вз Украина која започна на 24 февруари.


Чемезов е санкциониран од САД во 2014 година и Велика Британија во 2020 година поради руската анексија на Крим, а САД и Австралија месецов го сместија на списокот санкции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk