(Фото/Видео) Напуштен воз од 50-те претвориле во луксузен хотел: Неговите гости уживаат во дивата природа на Африка

Супермен

11/04/2022

11:55

8.113

Големина на фонт

а а а

Овој проект е спој на традицијата, идеите и модерната технологија.

Приказната не спаѓа во IT категорија, но прикажува спој на традицијата, идеите и технологијата.

Напуштен воз од 1950-те години кој сообраќал преку мостот над реката Сејби, претворен е во луксузен хотел кој ги привлекува гостите за да доживеат свое неверојатно искуство.


Споменатиот мост не е во функција од 1973 година, се наоѓа во Националниот парк Кругер (пет часа возење од Јоханесбург) и со него се нуди поглед кон дивата природа во Африка.

Сакате сафари?

Творците на проектот ги претвориле старите вагони во 24 комфорни соби со тоалети, споена централна патека на висина од 20 метри.

Гостите на располагање имаат кафуле, базен, како и хотелска зграда каде се служат оброците.

Без оглед на луксузот немојте да очекувате супербрз Wi-Fi или пак добар мобилен сигнал затоа што сепак во паркот има природа.


Во еден од најголемите резервати на диви животни во Африка живеат повеќе од 500 видови птици, 114 видови рептили и 147 видови цицачи.

Доколку сте расположени за сафари може да се пријавите за организирани тури и да уживате во блиските средби со лавовите, слоновите, носорозите...




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk