Фотографијата од бродовите го отсликува хаосот во Шангај: Светот повторно пред криза за набавка на храна и сировини

Супермен

21/04/2022

22:00

16.798

Големина на фонт

а а а

Поради забавената работа на најпрометното пристаниште на светот погоден е глобалниот ланец на снабдување.

Поради драстичниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, настанале големи проблеми во бродскиот сообраќај на влезовите на едно од најважните светски пристаништа – Шангај. Тие проблеми се закануваат да предизвикаат верижна реакција и тоа да се прелие на целата планета.

Во Шангај од март 2022 година забележани се повеќе од три милиони заразени со коронавирусот, па во градот бил воведен „супер-карантин“, поради што дури 470 товарни бродови чекаат на влезот од пристаништето.


Бродовите почнале да се распоредуваат пред пристаништето откако властите минатиот месец вовеле „локдаун“ ширум градот за да го контролираат ширењето на Ковид-19. Поради забавената работа на најпрометното пристаниште на светот погоден е и глобалниот ланец на снабдување.

Фотографијата на веб-страницата „Марин Трефик“ која ја следи позицијата на пловилата во меѓународните води го покажува неверојатниот метеж кој настанал во водите околу кинеското пристаниште.

Засега не постојат назнаки дека водите околу Шангај ќе се „расчистат“ додека пак во самиот град владее загриженост поради економските последици на „локдаунот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk