Уште една бизарна објава на Меган Фокс: „Направив дупка на комбинезонот за да имам секс со мојот вереник“

Точка

18/05/2022

09:44

11.902

Големина на фонт

а а а

Свршениците Меган Фокс и Машин Ган Кели продолжуваат да ја шокираат јавноста со своето бизарно однесување.

Меган сега сподели фотографија од нејзините пораки помеѓу неа и стилистката Мејв Рајли на нејзиниот Инстаграм.

Меган ја прашала стилистката дали синиот комбинезон кој го носела е скап, бидејќи таа и раперот пресекле дупка на меѓуножјето за да можат да имаат односи.

„Те мразам“, се пошегувала стилистката во одговорот и додала дека ќе го поправи тоа.

Многумина се згрозиле од ваквото однесување на актерката и нејзиниот вереник.

„Некои работи треба да останат приватни“, „Овие двајца се толку очајни“, „Не можам да верувам колку ја сакав и колку сега не можам да ја поднесам“, „Им треба стручна помош“, се само дел од коментарите.

Инаку, Машин Ган Кели поттикна гласини дека Меган е бремена со својот настап на доделувањето на „Billboard Music Awards“ во Лас Вегас, каде ѝ посветил песна на својата вереница и на нивното 'неродено дете'.



Спонзорирани линкови

Маркетинг