„Бев сладок, богат – имав сè што жените сакаа“: Беше рамо до рамо со Ибрахимовиќ и Снајдер, но пороците му ја упропастиле блескавата кариера

Супермен

18/05/2022

15:12

10.986

Големина на фонт

а а а

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Енди ван дер Мејде, признал дека развратничкиот живот му ја уништил кариерата.

Славата и богатството, која професионалниот фудбал неминовно ја носи со себе, него му влијаела лошо.

Холанѓанецот Енди ван дер Мејде своевремено бил еден од најголемите таленти во Европа.

Бил дел од прекрасната генерација на Ајакс, заедно со Златан Ибрахимовиќ, Весли Снајдер, Рафаел ван дер Варт... Меѓутоа, славата и богатството кои професионалниот фудбал ги носи со себе, му се одбиле од глава – изгубил компас и си го упропастил себеси животот и кариерата.


Ван дер Мејде од Ајакс преминал во Интер каде го запознал животот на суперѕвездите. Признал дека во Милан се опивал секоја вечер и дека фудбалот му бил на четврто место по важност.

Холанѓанецот во 2003 година преминал во Интер, за две години одиграл само 32 натпревари, па следело „селење“ во Евертон каде целосно ја изгубил контролата над сопствениот живот.

Ноќните забави биле главната работа во неговиот живот. Алкохолот и дрогата, како и сексот, целосно го упопастиле, па набрзо се збогувал од прекрасната кариера.

„Многу грешев. Додека играв фудбал имав сè што жената сака да посака. Бев многу сладок, богат, а имав и голем пенис“, вели Холанѓанецот, па додава:

„Заработив милиони, но бев целосно луд“.


Секако, денес тој многу се кае поради своите избори и се труди да им помогне на младите играчи да не ги прават истите грешки кои тој ги правел.

Најмногу од сè го боли тоа што си го упропастил и семејството.

„Долго време бев лош татко, не обрнував многу внимание на моите деца, тоа ми е најголемата грешка во животот. Мојата најстара ќерка и натаму не сака да ме види. Живее во Италија, јас ѝ праќам пораки редовно, само за да ѝ кажам дека мислам на неа секој ден“, открил Ван дер Мејде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk