(Фото/Видео) Овој „Rolls-Royce“ е олицетворение на луксузот – а еве колку чини

Супермен

23/05/2022

15:30

7.848

Големина на фонт

а а а

Во задниот дел е сместен единствен пакет „Hosting Suite“, a целокупниот дизајн е навистина неверојатен.

„Rolls-Royce“ ја претстави третата верзија од ултра-луксузниот модел „Boat Tail“, воедно последен во серијата којашто се истакнува по неверојатното ниво на персонализација.

Британската компанија најави три модели, од кои првите наводно ги купил музичкиот пар Бијонсе и Џеј Зи и богат кинески бизнисмен.


Таинствен купувач

„Rolls-Royce“ истакнува дека автомобилот е рачно изработен за клиент „чија семејна работа влече корени од ангажманите на неговиот татко во индустријата на бисерите“.

Не го знаеме името на купувачот, освен дека поседува колекција класични и модерни автомобили кои се чуваат во приватен музеј.

Клиентот на почетокот од процесот понудил избор од четири бисерни школки, за да ги инспирира инженерите во изработката на единствената боја на каросеријата.

Прибор за пикник

Во предниот дел доминира „Pantheon“ решетка изработена од едно парче цврст алуминиум, украсена со симбол од компанијата „Spirit of Ecstasy“ во розова-златна боја, пренесува „Autoexpress“.


Задниот дел, како и кај претходните модели нуди пакет „Hosting Suite“ којшто подразбира фрижидер, садови, специјален прибор за јадење и секако – чадор.

Погонскиот систем не е сменет, а станува збор за 6.75-литарски V12 агрегат (536 KS и 900 Nm).

Неверојатниот автомобил од 28 милиони долари нуди многу персонализирани детали и навистина е уникатен.

Што мислите вие?



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk