„Bowmore“ и „Aston Martin“ лансираат ново лимитирано виски – од цената ќе ви се заврти во глава

Супермен

23/06/2022

16:38

10.915

Големина на фонт

а а а

„Aston Martin“ најави нова соработка од партнерството кое го склопил со „Bowmore Islay Single Malt Skotch Whisky“ брендот.

Дестилеријата „Islay“ и произведувачот на луксузни автомобили „Aston martin“ одржале креативно партнерство во текот на последните години, лансирајќи серија ограничени изданија виски, инспирирани од естетиката на дизајност на британската автомобилска компанија.

А, за нивната најнова соработка, ултрастаро виски добива навистина единствено шише.


Обликот на нивните шишиња повеќе асоцира на вселенски брод отколку на шише, додека истото стои на две поединечни точки со дизајн којшто ги спојува природните и вештачките контури.

„Работата со Aston Martin за мене останува исклучително фасцинантна“, изјавил мајстор Рон Велш во изјава.

„Продолжува да нè инспирира и да ни покажува друг начин на работа, со апсолутна прецизност и ни овозможи да го направиме она што, по мое мислење е најдобро“.

Велш и неговиот тим избрале виски кое одлежало 52 години, а добиеното виски има нота на кремаста ванила и овошје, како и цитруси.

„Имавме намера да го произведеме порано, претставувајќи ги нашите бескомпромисни принципи на дизајн, како и величественото виски“, изјавил Марек Рајхман, главен креативен директор на „Aston Martin“ во соопштение за јавноста.

„Верувам дека она што го создадовме е навистина скулптура. Земајќи ја рамнотежата како најважен фактор, како што правиме во дизајнирањето на автомобили, го споивме наследството и иновацијата во совршен баланс“, заклучил тој.


„Аrc-52“ е ограничено на само 100 примероци, а за купување достапно е во Велика Британија, Германија, Холандија, Кина, Сингапур и Канада со малопродажна цена од 125.000 долари.

Ова восхитувачко шише сигурно ќе стане колекционерски предмет, па размислете за тоа да си купите две – едно за уживање и едно за чување како експонат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk