(Видео) Вработен во ресторанот на „Salt Bae“ го турнал скапоценото месо на подот, па „ладно“ продолжил таму каде што застанал: „Значи, двапати го наплатил месото коешто падна...“

Супермен

27/06/2022

15:34

11.230

Големина на фонт

а а а

Познатиот турски готвач и месар Нусрет Гокче е сопственик на ланецот познати ресторани по високите цени.

Поради тоа, многумина биле изненадени од потегот на еден од тамошните вработени којшто продолжил да работи откако случајно турнал парче месо на подот.

Рестораните на Нусрет се честа тема на социјалните мрежи, а посетители главно коментираат за екстремно високите цени. Сепак, тие без сомнеж се голема атракција, па многу од луѓето одлучуваат барем еднаш да го посетат.

Еден од гостите не можел да се помири со фактот колку едноставно вработен во ресторан во Истанбул „преминал преку фактот“, што месото чија цена се движи и до 270 долари му паднало на подот.

На видеото кое го споделил на ТикТок, пред келнерот, на три даски имало три меса кои требало да се исечат. Откако  едно од нив го исекол успешно, се посветил на второто парче месо, меѓутоа со наглите движења успеал да го турне третото парче месо на подот.

Сепак, по реакцијата на келнерот изгледало како тоа да не му значи, поради тоа што многу брзо продолжил да работи таму каде што застанал.

Набрзо потоа друг келнер го подигнал од подот месото, а што направил потоа со истото, не се знае.

На објавата која добила над 700.000 прегледи имало бројни реакции.

„Значи, двапати го наплати месото коешто падна...“, се пошегувал некој, додека пак друг напишал: „Јас сум готвач и сè  што би направиле е – би го измиле месото, би го вратиле на скара само за да испари водата и би го послужиле. Благодарам“.

Некој одлучил и да ги посоветува гостите од ресторанот: „Доколку сакате вкусна храна, не одете таму. Постојат многу подобри опции за добра храна, без оглед на ценовниот ранг“.

Последниот ресторан Нусрет го отвори во Лос Анџелес кон крајот на февруари, а оној во Лондон наводно „Tripadvisor“ го рангирал меѓу најлошите, заземајќи ја позицијата број 17.418, со низа критики од посетителите кои сметаат дека храната не вреди за цената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk