Преживува пекол во бременоста: Ѕвездата на Реал се забавува во Мајами додека неговата сопруга се соочува со сериозни компликации

Супермен

28/06/2022

15:16

18.425

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Едер Милитао ја оставил трудната инфлуенсерка Каролина Лима само неколку недели пред породувањето.

Милитао по освоената титула во Лигата на шампионите со својот тим, се вратил во татковината за да присуствува на забава во местото од каде „влече“ корени, а потоа повторно отпатувал и сега ужива во магиите на ноќниот живот во Мајами.


Неговата избраничка Каролина која наскоро треба да се породи со женско дете, на социјалните мрежи редовно ги известува следбениците како поминува нејзината бременост.

Последните денови се драматични, а ѝ недостасува и поддршката од својот партнер. Таа неколку недели пред породувањето започнала да ја губи плодовата вода, што многу ја вознемирило и поради целокупната ситуација ѝ се пожалила на јавноста.


„Тој не е со мене, се забавува во најдобрите ноќни клубови во Мајами“, напишала инфлуенсерката на социјалните мрежи за набрзо да ја избрише таквата објава.

Бразилските медиуми ја искористиле нејзината „прозивка“, па отишле предалеку пишувајќи дека овој пар раскинал, додека двајцата не се огласиле по повод ваквите информации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk