Избегнува замрзнати намирници, десертите и пржената храна се строго забранети: Што јаде Ибрахимовиќ за да игра фудбал на високо ниво и на 41 година?

Супермен

01/07/2022

11:37

10.720

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми објавија дека Златан Ибрахимовиќ одлучил да игра уште една сезона. По големите проблеми со коленото од кое цела сезона морал да вади вода, и освојувањето на Скудетото, многумина претпоставуваа дека Ибра ќе се збогува од фудбалот.

Сепак, тој и понатаму сака да игра за Милан со кој ќе го продолжи договорот на уште една сезона. Златан во октомври ќе наполни 41 година, што покажува дека е вистински феномен, иако неколку години помладите Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Карим Бензема и останатите го следат неговиот пат.

А за да можете да играте на врвно ниво во модерниот фудбал, потребен ви е спортски живот. Тоа подразбира максимална посветеност на вашето тело која се базира на секојдневно вежбање и посебен вид исхрана.

Што јаде Ибрахимовиќ?

Исхраната на славниот фудбалер се состои од бело месо, свежо овошје и зеленчук, но си дозволува и сушено говедско месо - брезаола. Златан избегнува замрзната храна, дури и сладолед, додека тестенини јаде само во ретки прилики.

Дозволен е само нерафиниран шеќер, а особено внимава и на порциите на оброците. Но, постојат исклучоци, пишуваат италијанските медиуми. Станува збор за „награди“ во текот на летото или по натпревар, а една таква „награда“ е пица или едно јадење по избор неделно. Но, и во тие случаи Ибра внимава на количината која ја внесува, а пржената храна и десертите се строго забранети.

Бил лут на ПСЖ поради овошје и зеленчук

Ибрахимовиќ внимава и на квалитетот на храната и гледа намирниците кои ги внесува да се сезонски. Постои приказна дека бил многу лут кога пристигнал во ПСЖ бидејќи во клупската кујна немало доволно свежо овошје и зеленчук на располагање на играчите.


Неодамна Златан изјавил дека му било тешко дополнително да ослабне бидејќи има само 8 отсто телесни масти.

Пред 20-тина години вакво нешто во фудбалот беше незамисливо, но се повеќе врвни фудбалери сфаќаат дека професионалната кариера може да се продолжи за 5 до 6 години со строга грижа за своето тело. Секако, ако ги „заобиколат“ тешките повреди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk