Живеел развратен живот и сите се обложиле дека никогаш нема да го смени тоа: Контроверзниот бизнисмен поради 27 години помладата сопруга се откажал од титулата „женкар“

Супермен

01/07/2022

14:05

16.272

Големина на фонт

а а а

Сме го гледале низ годините, како што би се рекло, како живее во Мајами и ужива во друштво на разни дами.

За некои хедонист, за некои маж без мера, па и оние кои се потребни за хедонизам.

Се коментираа и деталите на неговиот стил на живот, само поради тоа што една жена го сменила целосно.

Контроверзниот италијански бизнисмен Џанлука Ваки (54), денеска бил забележан во Милано со 27 години помладата партнерка Шенон Фонсека. Доколку по фотографиите се познава некоја врска, тогаш тие двајца баш уживаат еден покрај друг.


Џанлука неколку години е во врска со Шенон со која кон крајот на 2020 година ја добил ќерката Блу Јерусалем Ваки која набрзо откако била родена имала операција за што тој пишуваше на Инстаграм:

„Нашата ќерка неделава имаше операција поради расцеп на непцето. Беше многу предизвикувачка и емотивна недела за нас, а можете да замислите колку истата беше предизвикувачка за нашето бебе.


Тоа кога вашето бебе поминува низ нешто толку сериозно како што е операција, навистина е трогателно за светот на родителите. Нашиот ангел навистина не престанува да нè восхитува. Беше толку храбра, мирна и драга низ сето тоа, така што сум горд што сум нејзин татко. Низ солзи во очите велам дека моето срце е со сите родители кои поминуваат низ здравствени проблеми на своите деца. Се надевам дека сте сè уште безбедни. Сега сме дома. Толку сме благодарни и благословени“, напишал Ваки.


Љубовта кон Шенон и татковството го смениле Џанлука или пак го разбудиле тоа што секогаш го имал во себе.

Односно, тој не се одрекол целосно од хедонизмот, само што сега ужива на други начини и се движи кон други правци, па така и нека остане...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk