Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров ја пoкажа драстичната трансформација: „135 дена бев како војник – не промашив ниту еден ден, саат, минута, секунда...“

Супермен

01/07/2022

16:13

15.477

Големина на фонт

а а а

Познатиот македонски јутјубер, Стефан Лазаров, на својот Инстаграм профил објави фотографии од трансформацијата на своето тело, по што доби многу позитивни коментари од своите следбеници.

Инаку, Лазаров речиси секојдневно ги информираше, а воедно и ги мотивираше своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм за својата напорна работа на промената на неговиот физички изглед, но тој за тоа вели дека физичката промена за него не е најголемиот успех.

Лазаров на Инстаграм сподели две фотографии со своите следбеници, од кои едната е направена пред неколку месеци и другата е онаа на која трансформацијата на неговото тело е и повеќе од очигледна.

Лазаров под објавените фотографии напиша:

„Седам...размислувам што да пишам... а што би пишале вие на слика на која се гледа цела мака, убавина, промена и задоволство.. Лево го гледате дечкото кој постојано наоѓаше изговори.

Многу работа, јутуб, немам време, ај да пивнеме, ај од утре...а десно? Десно ја гледате најдобрата верзија од мене..

И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив. Продуктивноста, среќата, борбеноста, одговорноста, тие се сега моите најдобри пријатели. Сакам јавно да му кажам фала на мојот брат @pakigram кој ми го промени животот. Направи да се запознаам со шампионот во мене. И покрај сите приоритети и обврски , 135 дена бев како војник. Не промашив ниту еден ден, ниту еден саат, минута, секунда...

А сега е време за нови цели, нови визии, нови предизвици. Фала на сите што верувавте во мене и ме поддржувавте. Јас си го сменив животот, сега на ред е некој од вас“.

Повеќе фотографии од Стефан Лазаров:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk