Шише шампањ продадено е за 2,5 милиони долари, надминувајќи го акцискиот рекорд и веројатно станувајќи најскапото шише со шампањ кое некогаш било продадено.
Магнум шишето „Chateau Avenue Foch“, 2017, содржи еден NFT којшто вклучува дигитална уметност и вистинска интелектуална сопственост на илустрацијата „Bored Ape Mutant“ и на други колекционерски илустрирани фигури кои го красат шишето. Магнум е еквивалент на две шишиња со нормална величина, пренесува „CNN“.
NFT се дигитални слики со кои се тргува со блокчејн. Пазарот за нив го достигнал врвот во 2021 година со продажба од 41 милијарда долари, но нагло забавил поради неодамнешниот пад на криптовалутите.
Купувачи на шампањот биле браќата Џовани и Пјеро Буоно. Тие се италијански инвеститори во криптовалути кои се активни и во модната и технолошката индустрија.
Без оглед на нивниот крипто-профил, купувањето било направено во долари, како што потврдил продавачот. Продажбата првпат била објавена во магазинот „The Wall Street Journal“.
Most Expensive Bottle of Champagne Sold for $2.5 Million Included 5 different #NFTs printed on the bottle including a #BoredApe wow ? ? #TheGoldenEgg #nftcollector #ETH pic.twitter.com/yZgi1ZY7Mc
— The Golden Egg™ (@TheGoldenEggNFT) July 13, 2022
Шами Шин, британски претприемач којшто нарачал и продал шише шампањ, изјавил дека се надева дека шампањот би можел да го поттикне пазарот за NFT во момент кога тоа, како и другите финансиски пазари значително се надвор од нивниот максимум.
„Се надевам на поголема свест – сакам луѓето сега да го разбираат NFT“, изјавил Шин.
Џовани Буоно изјавил дека браќата не планираат да го отворат шишето. Нивното купување било извршено приватно.