[ФОТО] Проблемите на поранешната голферка: „Тврдат дека кариерата ја изградив преку креветот“

Супермен

01/04/2025

15:24

2.358

Големина на фонт

а а а

Поранешната голферка и популарна инфлуенсерка Пејџ Спиранак (32) се пожали дека многумина ја обвинуваат дека нејзиниот успех не е резултат на спортски вештини, туку на лични односи.

Пејџ Спиранак (30), поранешна гимнастичарка и денес најпознатата голф инфлуенсерка, има четири милиони следбеници на Инстаграм и знае како да привлече внимание. Таа не е срамежлива, секојдневно објавува провокативни фотографии, најчесто во оскудна облека, а нејзините облини секогаш се во преден план. Сосема е свесна за својата атрактивност и нема намера да ја крие.

Но, не сите ја поддржуваат. Некои ја обвинуваат дека станала позната преку креветот, а не благодарение на своите спортски вештини.

„Имаше коментари дека сум нудела сексуални услуги за да бидам поканета на турнири. Морав да ги слушам тие приказни додека луѓето ми стоеја на чекор од мене. Беше многу тешко“, открила таа во поткастот „Тивко, ве молам!“

Непријатни искуства на турнирите

Поранешната голферка признава дека ѝ било тешко да ги слуша навредливите коментари дури и за време на натпреварите.

„По моето прво професионално појавување, се чувствував ужасно. Само сакав да им се допаднам на луѓето, но бев лоша. Беше навистина тешко“, раскажа таа.

Спиранак верува дека другите жени ја осудувале бидејќи станала инфлуенсерка, но исто така не била подготвена за вниманието што го добила од медиумите и јавноста.

„Тоа беше во време кога луѓето не стануваа вирални од вакви или онакви причини. Не знаев како да се носам со тоа. Мојот живот се преврте наопаку.“

Од 500 до 100.000 следбеници преку ноќ

Бројот на нејзини следбеници преку ноќ скокнал од 500 на 100.000.

„Со часови морав да одговарам на новинарски прашања. Не бев подготвена за тоа. Никој не ме научи како да се справувам со вакви работи. Имаше девојки кои беа на моја страна, но поголемиот дел беа брутални кон мене.

Одејќи на терен, другите девојки буквално бегаа од мене. Никој не сакаше да тренира до мене. Тие тоа го гледаа како неправда, бидејќи тие напорно работеле со години, а јас одеднаш се појавив и станав позната.“

Критики поради провокативната облека

Верувале или не, добила негативни коментари поради начинот на кој се облекува.

„Ова е навредливо за мажите. Не си играј со нашата љубов кон голфот. Прекрасна си, но не мораш толку да се соблекуваш. Облечи се пристојно, и сè уште ќе бидеш згодна“, ѝ напишал еден обожавател.

Но, Спиранак не останала должна:

„Јасно ми е дека ги мразиш градите. Но, сите ги сакаат градите, градите се одлични. Во светот се случуваат толку многу работи кои треба да ве загрижуваат и навредуваат. Градите не се една од нив“, одговорила таа уште пред неколку години.


Забрана за учестсво на хуманитарен настан – поради „преголеми гради“

Една хуманитарна организација ѝ забранила да учествува на турнир од бизарна причина – нејзините големи гради.

„Сакав да помогнам во хуманитарната акција, но ми рекоа дека луѓето во управата ме гледаат поинаку и дека затоа не можам да учествувам.

Голфот го нарекуваат џентлменски спорт, но во ова нема ништо џентлменски“, заклучила Пејџ Спиранак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk