Берлин веќе не е „сиромашен, ама секси“: Градот стана жртва на сопствениот економски успех

Супермен

01/04/2025

16:43

1.008

Големина на фонт

а а а

Куќата на уметноста „Tacheles“ некогаш била епицентарот на алтернативната уметничка и културна сцена во Берлин. Уметниците ја окупираа оваа импресивна петкатна зграда, изградена во 1908 година, по падот на Берлинскиот ѕид.

Но, уметниците биле протерани од зградата во 2012 година, кога беше продадена на инвеститор од Њујорк. Зградата била реновирана, со што биле направени станови, канцеларии, продавници, супермаркет и Шведски музеј на фотографијата. За 52-годишниот берлинец Оливер Пуцбах, кој живее во близина, оваа промена ја симболизира промената на самиот град.


Како што расте економијата на градот и се влева инвестициски капитал, долгогодишните жители како Пуцбах стравуваат дека градот го губи својот урамнотежен карактер и боемскиот шарм, што го поттикна поранешниот градоначалник да го прогласи Берлин за „сиромашен, ама секси“ пред повеќе од две децении.

„'Tacheles' изгледа како типична железничка станица во Германија, исто како трговски центар. Берлин си ја продаде душата“, рекол Пуцбах за зградата што ја памети како мултикултурно село каде што настапувал три пати неделно со својот бенд „Beat Organization“.

Берлин се издвојувал меѓу европските престолнини со децении - тој беше посиромашен од остатокот на земјата поради неговата историја како поделен град и она што го донесе германското обединување. Сепак, економскиот раст на овој град во последните 10 години го надмина економскиот раст на земјата.

Имено, економскиот раст на Берлин минатата година изнесуваше 0,8 отсто, додека националната економија е во пад втора година по ред. Дополнително, бруто домашниот производ (БДП) на Берлин по глава на жител одамна е помал од просечниот национален БДП, а сега е поголем - изнесува 54.607 евра.

„Берлин не беше богат, но му беа дадени основите за да стане богат. Привлече млади таленти кои дојдоа да ги преобликуваат нивните животи и да ги претворат своите идеи во реалност“, рече Мартин Горниг од Германскиот институт за економски истражувања (DIW).


Градот стана и центар за стартап компании, претекнувајќи го Минхен со 500 компании основани секоја година. Компаниите за дигитални услуги за потрошувачи, како што е „Zalando“, го нарекуваат Берлин свој дом. Понатаму, „Tesla“ изгради гигафабрика во близина на Берлин додека новиот аеродром беше отворен во 2020 година, по повеќекратни одложувања. Ова се само дел од работите кои донесоа илјадници работни места.

Уникатната комбинација на висока култура, контракултура и историја го направи овој град една од главните туристички атракции. Имено, таа е трета по бројот на ноќевања во Европа – зад Лондон и Париз.


Сега е богат и скап

Сепак, како што пренесува Reuters, Берлин сега станува жртва на сопствениот економски успех. Зголемените трошоци ја загрозуваат егзистенцијата на уметниците и боемите кои се собраа во овој град по падот на Берлинскиот ѕид, привлечени од ниските кирии и многу напуштени згради. Растечките цени ги стискаат буџетите дури и на оние кои со години го следат бумот на стартапите.

Кириите растат побрзо од германскиот просек, цените на храната и пијалоците растат, а цените на билетите за техно клубовите поскапеа. Некои од овие клубови, вклучително и Watergate, се затворени.

„Цените стануваат многу високи и ако одите во „Berghain“ или „Kitkat“, сега не е секси. Сега е комерцијално секси“, зборувал Сергеј Егорченко за двата популарни клуба.


Егорченко се преселил во Германија во 2016 година, а живее во Берлин од 2021 година. Тој дели трособен стан од 70 квадратни метри со својата партнерка Клаудија Марти во областа Мите. Тие изнајмиле една од собите за да ја покријат киријата од 1.800 евра. Марти, кој работи во истражување на ракот во болницата Шарит, рече дека тесниот пазар на станови значи дека ќе биде тешко да се најде прифатлив имот.

Цените и кириите во Берлин беа ниски во годините по повторното обединување на Германија, бидејќи многумина беа вработени во релативно ниско платен јавен сектор. Но, тоа го промени инфлацијата, приливот на приватен капитал и странските експерти, како Марти Егорченко.

Иако кириите во Берлин се сè уште пониски од оние во некои други германски градови, тие се зголемија за 32 отсто од 2021 година, што е многу над националниот просечен раст од 20 отсто. И покрај големата трансформација, германската престолнина сè уште го фаќа чекорот со традиционалните деловни центри во западниот и јужниот дел на земјата.

Имено, стапката на невработеност од 9,7 отсто и натаму е значително повисока од националниот просек од 6,0 отсто. Просечната месечна бруто плата од 4.634 евра е помала од онаа во Минхен, Хамбург, Штутгарт или Франкфурт како финансиски центар. Сепак, како што оцени Горниг, Берлин направи голем напредок во последните децении.


„Ако погледнете наназад во последните 20 години, Берлин се разви од чисто административно седиште на владата во економски силен центар, што е доста значаен развој“, истакна Горниг.

Додека некои берлинци тврдат дека им недостига посубверзивната страна на градот, Берлин сè уште има многу работи за одушевување. За Егорченко тоа се улични настани како што се „Парадата на љубовта“ или Rave the planet, како настани кои ја отсликуваат отвореноста на градот, пишува „Reuters“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk