Кијану Ривс повторно го воодушеви светот: Актерот со љубезен гест ѝ ја разубавил годината на 80-годишна обожавателка

Супермен

04/08/2022

15:52

6.677

Големина на фонт

а а а

Еден корисник на „Редит“ напишал дека неговата 80-годишна баба се заљубила во ѕвездата на филмовите „Matrix“ и „John Wick“ бидејќи ја потсетувал на нејзиниот покоен сопруг.

Откако доживеала мозочен удар во раните 70-ти, бабата била принудена да остане дома во наредните 10 години од својот живот, но утеха пронашла во филмовите на Кијану Ривс, гледајќи ги сите, од „Bill & Ted“ до „Matrix“.

Корисникот на „Редит“ започнал да објаснува како неговиот вујко го сретнал Ривс во еден ресторан во Лос Анџелес и како тоа довело до подолг телефонски разговор помеѓу актерот и бабата.


„Кратко откако излезе „Matrix“, мојот вујко беше во Лос Анџелес поради работа и јадел во отмен ресторан кога Кијану влегол со жена“, напишал тој и продолжил:

„Кога го завршиле оброкот, мојот вујко им пришол и му кажал на Кијану: ‘Обично не го правам ова, но само сакав да знаете дека мојата 80-годишна мајка ве сака и ги има гледано сите ваши филмови. Ја потсетувате на мојот татко’“.

Потоа, корисникот на „Редит“ напишал дека Кијану го прашал вујко му дали носи мобилен телефон со себе и кога му дал потврден одговор, тој му кажал: „Јавете ѝ се, сакам да разговарам со неа“.


„Разговараше со мојата баба неколку минути и тоа апсолутно ѝ ја разубави годината. Беше многу изолирана, а неговата искрена љубезност кон неа и интересот за неа покажуваат колку е тој навистина неверојатен човек“, стои во објавата на „Редит“.

Во текот на годините Кијану стекна репутација на еден од најљубезните луѓе во Холивуд, а бројни фанови раскажале случки со кои тој ги воодушевил. Актерот минатиот месец стана вирален откако бил снимен како разговара со млад обожавател на аеродром, при што му одговарал на секое негово прашање.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk