Сопругата на славниот пејач поднела документи за развод, а потоа јавно ги разоткрила неговите неверства: „8 години делење сопруг со бројни жени кои му ги продаваат телата“

Супермен

05/08/2022

14:35

5.646

Големина на фонт

а а а

Кристал Рене, сопругата на славниот американски пејач и танчар Не-Јо поднела барање за развод откако дознала дека нејзиниот партнер бил неверен и добил дете со друга жена.

На своите профили на социјалните мрежи, таа го опишала нивниот заеднички живот како „8 години лаги и измами“.

Судската документација 36-годишната манекенка ја поднела во понеделникот, нарекувајќи го бракот со пејачот „неповратно раскинлив без надеж за смирување“.


Кристал и Не-Јо, чие вистинско име е Шафер Чимер Смит, за првпат се венчаа во 2016 година. Две години подоцна парот се разведе, а во април оваа година тие повторно ги обновија своите завети. Заедно имаат 3 деца, 6-годишниот Шафер, 4-годишниот Роман и 1-годишната Изабела.

Рене побарала примарно физичко старателство над нивните деца, како и заедничко законско старателство.

Својот партнер го „разоткрила“ и во подолга објава на Инстаграм, која подоцна ја избришала.


„8 години несвесно делење на својот живот и сопруг со бројни жени кои му ги продаваат своите тела“, напишала Кристал, нарекувајќи се себеси „скршена и згрозена“.

„Да се бара од мене да останам и да го прифатам тоа е апсолутно лудо. Менталитет на нарцис. Повеќе нема да ја лажам јавноста или да се преправам дека ова е нешто што не е. Ја избирам својата среќа, здравје и почит“, додала таа.

Рене истакнала дека освен нејзините „3 прекрасни деца“, од Не-Јо не добила „ништо друго освен 8 изгубени години и болка“.

И самиот пејач се огласи на социјалните мрежи:

„За благосостојбата на нашите деца, моето семејство и јас ќе ги решаваме нашите предизвици зад затворени врати. За личните работи не треба да се зборува во јавност. Едноставно ве замолувам да ја почитувате мојата и приватноста на моето семејство во овој момент“, напишал Не-Јо на Твитер.

Покрај децата со Рене, тој е исто така татко на 11-годишната Медилин и 19-годишниот Мејсон од неговата претходна врска со Мониета Шо.

Не-Јо се прослави со бројните хитови како „So Sick“, „Miss Independent“, „Champagne Life“, „Jealous“, „Because of You“ и други.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk