(Видео) Најбогатиот човек на светот има таен профил на Инстаграм: Луѓето згрозени кога слушнале за што го користи

Супермен

11/08/2022

12:00

7.795

Големина на фонт

а а а

Додека зборувал за вонземјаните и Третата светска војна, Илон Маск открил што прави на својот таен Инстаграм профил.

Илон Маск е еден од најбогатите луѓе на светот и извршен директор на Тесла, еден од најпопуларните јавни личности, а тој признал дека има таен профил на Инстаграм.

Што е навистина иронично и нејасно, Маск има 102,9 милиони следбеници на Твитер, додека пак само 54 следбеници на својот личен Инстаграм профил.


Особено е интересно тоа што признал една своја „валкана тајна“, а тоа е дека тој поседува Инстаграм профил, но под лажно име, но го користи за т.н. „thirst trap“ што е современ сленг којшто ги означува содржините со сексуална конотација, односно видеа и фотографии кои вклучуваат еротски детали, а со цел привлекување внимание.

„Се затекнав себеси како правам многу селфи фотографии и потоа се запрашав што правам? Потоа се случи да почнам да добивам лајкови“, објаснил Маск.

„Thirst trap“ односно буквално преведено „замка за жед“, означува сексуална фрустрација или пак очај на оној кој бара еротска содржина.


Замката всушност се поставува со намерно објавување провокативна содржина која треба да предизвика реакција кај другите заинтересирани страни.

Кога лицето реагира, тоа всушност паднало во замка и признало потреба за тоа што е поставено како содржина.

Видеото на кое Илон зборува за својот Инстаграм профил веќе стана вирално на Твитер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk