„Силувал девојчиња од 14 години затоа што девиците не се фотогенични“: Поранешниот сопруг на познатата манекенка во центар на скандал

Супермен

11/08/2022

12:43

10.823

Големина на фонт

а а а

Некогаш бил големо име во модната индустрија, а потоа направил страшни работи и со тоа уништил животи на многу од младите жени.

Џералд Мари, француски моден агент и поранешен сопруг на Линда Еванџелиста, предизвика вистинска бура во модните кругови, откако некогашните соработници го обвиниле за сексуално злоставување, силување и трговија со луѓе.

Сето тоа се случило кон крајот на 80-те години и почетокот на 90-те години на минатиот век кога тој бил на местото на директор на европската делегација на популарната модна компанија „Elite“.

Познатата манекенка Каре Отис била првата која проговорила за тој хорор, а потоа ѝ се придружиле и други девојки кои изнеле голем број обвиненија на сметка на Мари.


Отис во своето сведочење навела дека Марис ја силувал, а потоа им ја нудел и продавал на своите пријатели, многу влијателни богати луѓе.

И, таа не е единствената. Други девојки ја поминале истата таа тортура затоа што биле многу млади, а зависеле од него во секоја смисла.

Како што се наведува во обвиненијата, Мари силувал девојки од 14 години поради тоа што според неговото мислење тие биле „нефотогенични“. Сето тоа го направил за тие да бидат попродуктивни во работата која нему му носела огромна количина пари.

Во тој период Мари бил во врска со популарниот супермодел Линда Еванџелиста која смета дека тој би можел да го направи тоа, но таа дека не знаела ништо за тоа.

Неговата жртва била и несреќната Каре која првите сексуални искуства долгорочно ја обележале и му наштетиле на нејзиното психичко здравје.


„Зависев од него поради храната, парите, сместувањето... Ми го чуваше дури и пасошот. Бев во ранлива ситуација, а тој ја имаше сета моќ“, признала таа во своја исповед.

Уште десеттина жени изнеле свое сведочење, а некои од нив кажале дека Мари ги дрогирал и ги принудувал девојките да не јадат за да бидат што послаби.

Уште една негова жртва изнела во јавноста приказна во која тврдела дека Мари ја силувал кога имала само 20 години.

„Бевме млади, тие мажи нè искористуваа и бевме продавани од страна на нашите агенти. Зборував лошо за себе поради тоа, години подоцна... Како можев да бидам толку глупава? Како можев да го дозволам тоа? Но, во реалноста немав никаква шанса против овие моќни мажи кои беа постари 20 години од мене“, раскажала таа.

Иако се воздржувале да проговорат за тоа насилство, многу од жените наишле на неразбирливост и осудување од страна на околината. Исто така, францускиот закон е таков што ваквиот вид злоставување застарува по 20 години.


Сепак, тие не сакале работата да остане турната под тепих затоа што многу од нив во тој период станале мајки, а токму тоа била причината поради која одлучиле да проговорат.

„Причината зошто излегов во јавност со оваа приказна е тоа што имам ќерки. Не сакам тие да го нормализираат тоа што јас го нормализирав толку долго. Станува збор за нерегулирана индустрија во која главно работат малолетници и малолетнички“, вели таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk