Сериската заводничка на славни мажи ги „украла“ сите погледи на плажата: Прошетала во минијатурно бикини кое ги истакнало нејзините атрибути

Супермен

11/08/2022

14:51

8.084

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката, модел и диџеј, Шантел Џефрис, неодамна била „уловена“ на плажа во Мајами, каде ги „украла“ погледите во минијатурно розово бикини кое ги истакнало нејзините атрибути.

Шантел на плажата парадирала прилично самоуверено, покажувајќи го деколтето, рамниот стомак и заоблениот задник.


Оваа црнка е позната по забавувањето со богати, познати и влијателни мажи, а и самата отворено признала дека не ни размислува да се гледа со мажи без статус. Таа започнала да ги заведува моќните мажи уште пред да биде полнолетна, а позната е по врските со Џастин Комбс, синот на Пи Диди, раперот Лил Твист како и играчот на американски фудбал, Дишон Џексон.


Но, аферата која навистина ја прослави е онаа со Џастин Бибер, која беше кратка, но доволна за да подигне прашина во јавноста, а истата заврши со – апсење. Во една прилика Шантел била со пејачот кога полицијата го фатила како вози во алкохолизирана состојба, а додека го апселе таа се смеела, што ја згрози јавноста.

На нејзината листа на славни љубовници се наоѓаат и раперот Тревис Скот, кошаркарот Џордан Кларксон како и неговиот колега Кајри Ирвинг, актерот Вилмер Валдерама, Јутјуберот Пол Логан, раперот Машин Ган Кели и други...



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk