Ентони Гласон од дизајнерското студио „M51“, штотуку го претстави еден од експлозивните концепти на јахта за истражувачи.
Новата „Forge“ јахта, инспирирана е од вулкан и дизајнирана да изгледа како Везув на отворено море.
За таа цел, челичниот труп на јахтата е покриен со алумуниумска надоградба во облик на црна пирамида и колекција аголни палуби со впечатливо портокалова боја.
Препознатливата надворешна силуета на „Forge“ јахтата исто така може да се пофали со некои интересни внатрешни простории.
Небесниот салон на пример има неверојатни плафони поради конусниот облик на надградбата. Слично на тоа, апартманот на сопственикот се наоѓа точно на „врвот од планината“ (горната палуба) и опремен е со панорамски стаклени плафони за набљудување на ѕвездите.
Ентериерот е прилично едноставен за да се спротивстави на смелиот екстериер, но може да се очекуваат низа природни материјали и елегантен, современ мебел.
Како и секој добар истражувач, „Forge“ е преполна со луксузни содржини.
Пространата палуба-мост за шетање е опремена со „растопени скали“ кои водат до базенот, има целосно опремена теретана, сауна и дневна соба со тераса.
Уште едно добро нешто е резервоарот со сензорна деривација којшто може да се користи како тивко прибежиште од надворешниот свет. Јахтата има и хелиодром и гаража.
Гласон, којшто поминал повеќе од една деценија работејќи како инженер на суперјахти, пред да започне со „M51“, изјавил дека „Forge“ ќе биде опремена со хибриден дизел-електричен погонски систем којшто ветува домет од 5.000 наутички милји.